Компанијата Кеllog планира да се подели на три независни компании, раздвојувајќи ги своите култни брендови на различни бизниси за грицки, житарки и растенија.
Компанијата соопшти дека истражува понатамошни стратешки алтернативи, вклучително и потенцијална продажба. Веднаш по објавувањето на веста, акциите на компанијата поскапеа за 6,5%.
Имињата за новите компании се уште не се одредени, а предложените менаџерски тимови за двата спин-оф ќе бидат објавени во првиот квартал од следната година.