За првпат по 20 години се изедначија доларот и еврото

121

За првпат по 20 години курсот на еврото и американскиот долар е ист. Од утрово едно евро е точно еден долар, што значи дека вредноста на еврото е пониска за повеќе од 12 отсто во однос на почетокот на годината.

Со тоа, еврото е најслабо во однос на доларот од зимата 2002 година.

Еврото е значително ослабено како последица на европската електро-енергетска криза и војната во Украина. Русија обезбедуваше речиси 40 отсто од гасот во Европа пред почетокот на војната, а Европската унија сега се обидува да ја намали зависноста од руските енергенси.

Во меѓувреме, доларот зајакна бидејќи инвеститорите бегаат кон валутата како безбедно засолниште.