Сите нови приватни и бизнис постпејд корисници во ОНЕ, но и оние кои ќе направат обнова на својот веќе постоечки постпејд договор, добиваат ексклузивна можност самите да го креираат својот тарифен модел согласно нивните потреби, без обврски за времетраење на договорот или со попуст за нов мобилен телефон со договор на 24 месеци.
SELECT корисниците кои ќе одлучат да го креираат својот постпејд тарифен модел, притоа користејќи го попустот за телефон, можат да изберат еден од шесте пакети со телефони:
SELECT 1 за месечна претплата од само 99 денари
SELECT 100 за месечна претплата од 149 денари
SELECT 150 за месечна претплата од 199 денари
SELECT 200 за месечна претплата од 249 денари
SELECT 300 за месечна претплата од 349 денари и
SELECT 400 за месечна претплата од 449 денари
пакет со интернет
Секој SELECT корисник треба да активира минимум еден, односно два или три пакети во зависност од избраниот SELECT, а максималниот број на пакети не е ограничен. Корисникот може да активира онолку дополнителни пакети колку што му се потребни.
SELECT им дава можност на корисниците да прават промени на пакетите во секое време, доколку имаат потреба од тоа. Пакетите можат да се активираат со испраќање на бесплатна СМС порака, преку Мој ОНЕ, преку Центарот за грижа на корисници на ОНЕ на бројот 181 и/или на сите продажни места на ОНЕ