Катарскиот емир шеик Хамад бен Калифа ал-Тани ќе инвестира 400 милиони евра наместо планираните 254, во обнова на Појасот Газа, изјави вчера шефот на Хамас, Исмаил Ханија.
“Емирот се согласи да ги зголеми катарските инвестиции од 254 на 400 милиони долари”, рече Ханија на свеченоста во Кан Јунис. Тој постави камен темелник на местото каде што ќе се градат станбени комплекси за палестинските семејства и истакна дека населбата ќе добие име по емирот Хамад.
Катарските инвестиции во Појасот Газа ќе се користат за конструкција на патишта, изградба на станови и инфраструктура, како и за развој на земјоделството.