Богатството на првиот човек на Фејсбук се намали за 63 милијарди долари

118

Оваа година не е многу добра за светските богаташи, кои бележат пад на вредноста на имотот. Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг годинава изгуби најмногу пари од сите луѓе во светот.

Само оваа година неговото богатство е намалено за цели 63 милијарди долари, односно е повеќе од преполовено.

Тој се уште има 62 милијарди долари и моментално е 17-та најбогата личност во светот според индексот на милијардери на Блумберг. Некогаш беше меѓу првите 5 најбогати луѓе во светот.

Падот на неговото богатство се должи на падот на вредноста на акциите на Фејсбук.

Најбогатиот човек во светот во моментов е основачот на Tesla и SpaceX, Илон Маск со 245 милијарди долари.

Фото: Facebook