Претставници од петнаесетина компании од Јордан, членови на тамошната Стопанската комора, како и на Јорданско-Европската бизнис асоцијација, на 12 септември годинава ќе ја посетат Република Македонија.
Бизнис-делегација што ќе присуствува на форумот ќе биде сочинета од реномирани компании од повеќе дејности, градежништво, увоз и дистрибуција на храна, кондиторска индустрија, транспорт и логистика, ИТ-индустрија, банкарски сектор, електроиндустрија, трговија на стоки за широка потрошувачка и друго.
Целта на Бизнис-форумот е преку билатерални разговори да се воспостават деловни контакти со македонски компании од различни стопански дејности.
Организатор на Македонско-Јордански бизнис-форум е Стопанската комора на Македонија. Деловните средби ќе се одржат на 12 септември ден четврток, со почеток во 10 часот, во просториите на Комората.
Сите компании кои се заинтересирани за бесплатните деловни средби со претставниците на јорданските компании да го најават своето присуство најдоцна до 10 септември 2013 година, соопштуваат од Комората.