Милијардерот Илон Маск, сопственикот на Tesla и SpaceX, преку Твитер ја објави својата намера да го купи англискиот фудбалски тим Манчестер Јунајтед.
Но, потоа напиша дека сето тоа е само шега. Сепак, тој им понуди утеха на навивачите , велејќи дека ако некогаш одлучи да купи фудбалски клуб, тоа ќе биде Јунајтед.
– Тие беа мојот омилен тим кога бев дете – изјави Илон.
Тој во вторникот вечерта предизвика дебата на социјалните мрежи.
Манчестер Јунајтед е на дното на табелата по поразот со 4-0 на гостувањето кај Брентфорд, а твитот на Илон Маск им даде надеж на навивачите кои сакаат да го видат грбот на сегашните сопственици, семејството Глејзер од Флорида.
„Ајде да се разбереме, ја поддржувам левата половина на Републиканската партија и десната половина на Демократската партија! Исто така, го купувам Манчестер Јунајтед, “, напиша Маск на Твитер.
To be clear, I support the left half of the Republican Party and the right half of the Democratic Party!
— Elon Musk (@elonmusk) August 16, 2022
Неодамнешните проблеми за клубот доведоа до зголемени протести на навивачите против Глејзер, кои го купија клубот во 2005 година за 790 милиони фунти (955,51 милиони долари).
Are you serious?
— Tesla Owners Silicon Valley (@teslaownersSV) August 17, 2022
Движењето против Глејзер доби замав минатата година, откако Јунајтед беше вклучен во неуспешниот обид за формирање на отцепена европска Суперлига.
Фото:Facebook











