Продажбата на паметни часовници расте и покрај инфлацијата

104

Пазарот на паметни часовници, за разлика од пазарот на паметни телефони, забележа раст на продажбата во вториот квартал од 2022 година.

Новите податоци од компанијата за анализа на пазарот Canalys покажуваат дека пазарот на носечки уреди забележа раст на испораките од 2% во вториот квартал од годината во споредба со првиот квартал. Вкупно, испораките на фитнес нараквици и паметни часовници достигнаа 41,7 милиони примероци.

Кај основните и паметните часовници има пораст од 46,6% и 9,3%, соодветно, но фитнес нараквиците бележат намалување од 35,5 проценти. Apple продолжува да го предводи пазарот на паметни часовници со удел од 26,4 отсто и 8,4 милиони испораки, што претставува раст од 6% од година во година.