Глобалната компанија за изнајмување автомобили Херц планира да нарача 175.000 електрични возила од американскиот автомобилски гигант General Motors (GM) во следните пет години.
Договорот објавен денеска вклучува испораки на електрични возила до 2027 година и вклучува теренци, пикап камиони и луксузни автомобили од Шевролет, Бјуик, ГМЦ, Кадилак и Брајт Дроп, пишува АП.
„Возбудени сме што ќе соработуваме со GM за овој договор кој драматично ќе ја прошири понудата на електрични возила за клиентите на Hertz“, рече извршниот директор на Hertz, Стивен Шер.
Сегашната цел на Херц е четвртина од нејзината флота да биде електрични возила до крајот на 2024 година.











