Руски Гаспром објави дека го обновил протокот на гас за Кина преку гасоводот Силата на Сибир по одржувањето.
Гаспром претходно најави дека ќе ја прекине испораката меѓу 22 и 29 септември поради планираните работи за одржување.
Компанијата изјави дека според договорот со кинеската национална нафтена корпорација (CNPC), ваквото одржување се планира двапати годишно, во пролет и во есен, пренесува Ројтерс.











