Прехранбениот гигант Марс ја прекина испораката на 300 производи, голема битка се води во позадина

Американскиот производител на храна Марс нареди суспензија на дистрибуцијата на околу 300 видови производи во германските продавници Edeka, Netto, Rewe и Penny. Одлуката ја донеле откако овие трговски синџири одбија да ги зголемат цените на производите што им ги доставува Марс.

Ценовната војна меѓу производителите и супермаркетите станува се пожестока. Откако спорот меѓу Кока-Кола и Edeka беше воден пред судот, американскиот производител Марс се пресметува со најголемите германски синџири супермаркети: по Еdeka и Netto, ни Rewe повеќе не се снабдува со оваа стока. И не се работи само за слатки.

Производителот на храна Марс повлече околу 300 производи од познати брендови.

Како што пренесува „Lebensmittel Zeitung“, американскиот прехранбен гигант Марс ги прекина испораките на Еdeka и Rewe.

Производителот е во конфликт со Еdeka и Netto околу три месеци. Несогласувањето во бизнисот стана толку силно што Еdeka дури води спор преку Инстаграм и испраќа јасна порака до клиентите: „Не сакаме да ги чувствувате вселенските цени на Марс“. Објавувањето војна на производителот не може да биде појасно.

Производителот на храна Марс не сакаше да се вклучи во „војната на Инстаграм“.

„Бараме разбирање дека не ги коментираме јавно преговорите со нашите трговски партнери. Свесни сме дека таквите преговори можат да бидат предизвикувачки и дека многу фактори влегуваат во игра. Придаваме големо значење на деловниот однос што го изградивме со секој трговски партнер“, одговори Марс на барањето на RTL.

Како што пренесува „Lebensmittel Zeitung“, американската групација наложила прекин за испораките и до Rewe. И очигледно не се само неколку чоколаи, туку целиот асортиман, па празнината на полиците е сè повидлива. Имено, империјата на Марс вклучува брендови за бонбони како што се M&M’s, Bounty, Snickers, Twix и секако Марс. Тука се и Wrigley’s Extra, Airwaves и 5Gum.

Многу познати брендови за храна за домашни миленици исто така припаѓаат на гигантот за храна. На пример Whiskas, Sheba, Frolic и Pedigree. Вкупно, групацијата Марс ја снабдува германската трговија со повеќе од 300 артикли.

Шефот на Марс, Карстен Сајмон, за „Lebensmittel Zeitung“ изјави дека на компанијата „итно и треба второ зголемување на цената оваа година“ поради зголемените трошоци. Карстен беше критичен за суровиот пристап на германските трговци на мало.

Шефовите на Еdekа и Rewa наводно имаат сосема поинакво мислење.

„Многумина доаѓаат и најавуваат поскапувања за десет проценти и велат дека ова треба да им го пренесеме на клиентите. Тоа е сосема нереално. Кога ќе слушнете дека добавувачот ни кажува дека сака 30 проценти повисока цена во Германија и пет проценти повисока цена за истиот производ во Франција, тогаш се прашувам каде е логиката“, рече шефот на Rewe, Лионел Соук.

И Еdeka ги предупреди своите добавувачи за преголеми барања за цени.

„Храната не смее да стане луксузна стока“, изјави првиот човек на „Еdekа“, Маркус Моса.