Аеродромот во Истанбул најдобар во светот во 2022 година

451

Аеродромот во Истанбул во Турција е прогласен за најдобар во светот во 2022 година од читателите на Conde Nast Traveler, луксузен туристички магазин со седишта во Њујорк и Лондон.

Во годишното истражување на списанието Readers’ Choice Awards, аеродромот во Истанбул го освои првото место, а по него е аеродромот Чанги во Сингапур, јавува Anadolu Agency.

Третото место го зазеде јужнокорејскиот аеродром во Сеул (Меѓународен аеродром Инчеон), а потоа швајцарскиот аеродром во Цирих и меѓународниот аеродром Ханеда во Токио.

Conde Nast Traveler има 16 милиони дигитални месечни читатели, како и 16 милиони следбеници на социјалните мрежи.