Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден размислува за целосна забрана на рускиот алуминиум како одговор на руските ракетни напади врз Украина, пишува Bloomberg, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање.
Според извештајот, Белата куќа разгледува три опции кои би можеле да вклучат целосна забрана, потоа подигање на тарифите или санкционирање на руската алуминиумска компанија Русал.
Американската администрација првично, наводно, се спротивстави на воведувањето санкции за рускиот алуминиум, стравувајќи дека тоа би можело да го наруши глобалниот синџир на снабдување.











