Рекорден пад на вредноста на акците во Хонг Конг

Акциите во Хонг Конг паднаа на најниско ниво во повеќе од 13 години во четвртокот, бидејќи водечките азиски пазари ослабеа по инаугурацискиот говор на новиот градоначалник Џон Ли Ка-чиу, кој не го објави укинувањето на ограничувањата за патување и социјалното дистанцирање.

Индексот Ханг Сенг падна за три отсто на најниско ниво од мај 2009 година. Во исто време, кинескиот индекс CSI 300 загуби 1,3 отсто од својата вредност, пренесува Фајненшл тајмс. Пазарите на други места во Азија исто така ослабеа. Јапонскиот Топикс загуби 0,8 отсто од вредноста, а јужнокорејскиот Коспи ослабе за 1,5 отсто.

Кинескиот индекс Nasdaq Golden Dragon, кој следи кошница со кинески технолошки акции со кои се тргува во САД, падна за седум отсто во средата на најниско ниво од 2013 година. Падот уследи по одложувањето на објавувањето на клучните економски показатели во Кина.

Акциите на кинескиот технолошки гигант Tencent Holdings Ltd. паднаа за 5,3 отсто на тргувањето во Хонг Конг во четвртокот, што ги испрати на најниско ниво од 2017 година, објави Yahoo Finance, истакнувајќи дека расположението на инвеститорите стана негативно поради загриженоста за макро изгледите на Кина.