Во јули месец, физичките лица, главно угостители, пријавиле скоро 65% поголем промет во однос на минатата година, објави хрватската Даночна управа. За истиот период, малите компании пријавиле 34% поголем промет.
Споредбата на ДДВ обрасците за 2012 и 2013 година, покажува дека фискализацијата во прометот со готовина, односно воведувањето на фискални благајни дава добри резултати, наведуваат од Даночната управа, пренесуваат хрватските медиуми.
Физичките лица, главно трговци, пријавиле дури 32,20% повеќе промет од лани, додека зголемувањето кај малите правни лица изнесува 38,68%.
Даночната управа од воведувањето на фискалните благајни, со првиот ден од оваа година, од месец во месец бележи раст на пријавениот промет кај сите категории на обврзници. Се очекува туристичката сезона да ги урне сите рекорди и да ги потврди енормните размери на непријавен промет во изминатите години на кои најмногу губеше државата.