За време на прославата на шестиот роденден, мобилниот оператор Вип организира забавен СМС награден квиз, чија главната награда изнесува 600.000 денари (10.000 евра).
Освен за премијата, Вип корисниците се во трка и за дневните награди од по 10.000 денари.
Наградната игра започнува денес и ќе трае до 10 ноември 2013. За да учествува во неа, секој корисник треба да се регистрира со испраќање на СМС порака со содржина DA на скратениот број 1466.
Откако ќе се регистрира, корисникот добива прашања, на кои доколку одговори точно, освојува поени кои можат да му донесат некоја од наградите кои се доделуваат секој ден, па дури и главната награда од близу 10.000 евра.
“Покрај роденденската понуда на корисницте им овозможивме и наградна игра во која преку забава, знаење и малку среќа можат да освојат вредни награди. И на ваков начин покажуваме дека секогаш сме подготвени да понудиме повеќе за корисниците”, изјави Џакомо Тоњони, главен маркетинг директор на Вип оператор.
Дневниот надомест за учество во наградниот квиз изнесува 35 денари (со вклучен ДДВ), при што сите испратени СМС пораки се бесплатни. Секој учесник во наградниот квиз добива и бесплатен тридневен тест период во кој ќе може да го провери своето знаење.