Нафтена индустрија Србија (НИС) денеска започнува со изграба на паркот на ветерници Пландиште на територијата на истоимената општина, во кој ќе бидат инвестирани околу 160 милиони евра.
Според НИС, паркот на ветерници значително ќе придонесе за развој на зелената енергија во Србија, ќе ја унапреди локалната заедница и ќе и овозможи на Србија да ги исполни енергетските стандарди на Европската унија, пишува Б92.
Генералниот директор на НИС, Кирил Кравченко, претходно изјави дека планираниот капацитет на паркот е 100 мегавати, а ќе бидат изградени 34 ветрогенератори. Изградбата треба да заврши кон половината на следната година.