При-пејд корисниците на телекомуникацискиот оператор ОНЕ од денес, за своите 100 денари добиваат три пати повеќе кредит.
Имено, со промоцијата секој при-пејд корисник на ОНЕ и ЏаБест кој има најмалку 100 денари на својата сметка, може да ја активира оваа понуда и за своите 100 да добие дури 300 денари кредит.
Кредитот од 300 денари корисникот може да го користи во период од 14 дена за било која услуга што ОНЕ ја нуди, како разговори кон сите мрежи, SMS, MMS, интернет, услуги со додадена вредност. Доделениот кредит корисникот може да го искористи и за купување на неделните и месечните пакети за разговори и интернет од актуелната понуда на ОНЕ.
Понудата е достапна за сите при-пејд корисници на мобилната телефонија на ОНЕ и ЏаБест и истата може да се активира на секои 14 дена, со јавување на бесплатниот број 1460, испраќање SMS на бесплатниот број 181 со текст 300 START или во сите продажни места на ОНЕ.