Претседателот на Светска банка: Главниот предизвик е како да се пренесе капиталот во земјите во развој

Претседателот на Светска банка Дејвид Малпас изјави дека најголемиот предизвик во светот ќе биде како да се „префрли“ капиталот во земјите во развој, што отвора нови можности за светот.

„Ние се грижиме за луѓето во земјите во развој, но најголемиот предизвик е што целиот капитал останува во напредните економии и се користи за плаќање на јавните долгови на земјите и за отплата на корпоративните обврзници, така што капиталот не е на места каде што има нови можности“, истакна Малпас на состанокот организиран од Советот на Аталанта, во пресрет на пролетниот состанок на Светска банка и ММФ.

Малпас истакна дека тоа ќе биде главниот предизвик за светот во следните пет години.
„Откако каматните стапки ќе се вратат во нормала, ќе биде потребно долго време да се приспособат на новите цени и распределбата на капиталот, пред да се вратиме на најширокиот и основниот модел на раст“, ​​рече Малпас.
Тој рече и дека речиси целиот свет се соочува со проблемот на невработеноста и дека многу земји во последните години назадувале, кога станува збор за просечните примања, зголемената сиромаштија, послабото образование, здравството, како и климатските промени.

Малпас изјави дека тоа се случило по Ковид и поскапувањето по, како што рече, руската инвазија на Украина.
На прашањето на модераторот, бидејќи неговиот мандат како претседател на СБ наскоро ќе заврши, што има да му каже на неговиот наследник, Малпас рече:

„Да ​​биде многу ангажиран во земјите кои се донатори или приматели на помош од Светска банка, може да се каже целосно да го искористи времето на конференциите во соработка со напредните економии… Сепак, главното е како да се убеди земјите да ги направат потребните промени, а една од нив е адаптација на климатските промени. Правиме серија извештаи за тоа што секоја земја треба да направи за да се заштити во иднина. На пример, нема раст на населението каде што има чести поплави“, изјави Малпас.

Фото: facebook