Во Ресен денес започнува традиционалната манифестација Преспански јаболкобер со која се означува почетокот на берба на јаболкото.
Манифестацијата ќе се одржи на овошниот насад на Агроплод, а на чинот на откинувањето на првото јаболко ќе присуствува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
Преспанскиот јаболкобер се одржува секоја година на празникот Крстовден.