Huawei Ascend P6 во продавниците на Т-Мобиле

40

Paper_Thin_12Jun13

Huawei, глобалниот водечки провајдер на информатички и комуникациски технолошки решенија, денес во Скопје го претстави HUAWEI Ascend P6, еден од најтенките паметни телефони во светот, со дебелина од само 6,18 мм. Новиот паметен телефон е опремен со четиријадрен процесор со јачина од 1,5 GHz и има елегантни и тенки линии во металик боја. Со својот 4,7-инчен екран со висока резолуција и предната камера од 5MP, HUAWEI P6 е вистинско олицетворение на елеганцијата и префинетиот вкус.

HUAWEI Ascend P6 е ултратенок – само 6,18 мм и тежи 120 грама. Иако е доволно мал за да може да биде сместен секаде, стилскиот Huawei P6 е дизајниран да биде виден и посакуван! Опремен е со 1,5 GHz четиријадрен процесор, оперативен систем Android 4.2.2, батерија 2000mAh, 4,7-инчен HD-екран со LCD-технологија и опција „MagicTouch“, која овозможува подобрена чувствителност на екранот, дури и кога корисникот носи ракавици.

NAK_2216 copyКако водечки телефон во Huawei P-серијата, HUAWEI Ascend P6 е олицетворение на најсовремениот дизајн, кој ги задоволува вкусовите и на најпребирливите трендсетери. Полираниот металик-изглед и природно заоблената основа го прават овој паметен телефон беспрекорно елегантен. HUAWEI Ascend P6 совршено ги балансира модерните карактеристики и функциите по мера на корисниците.

Предната камера од 5MP има ефекти слични на Фотошоп, кои автоматски ве разубавуваат, затоа е перфектна за автопортрети што ќе сакате да ги споделите.
Неговата 8MP задна BSI-камера има можност за макрофотографирање (фотографирање од блиску) на растојание од 4 см од предметот, а овозможува и снимање видео во full HD-резолуција и плејбек.

Фотографскиот софтвер на Huawei-IMAGESmart го претвора и фотографот-почетник во вистински професионалец, со помош на автоматските приспособувања на контрастот и бојата, автофокусот на објекти, можноста за автоматска детекција на околните услови и можноста за фотографирање согласно со опкружувањето.

Овој паметен телефон користи и кориснички интерфејс Emotion UI. Инспириран од корисниците низ целиот свет, Huawei собра податоци од над 5 милиони корисници, кои помогнаа да се оптимизира последната верзија на Emotion UI. Подобрениот кориснички интерфејс вклучува низа подобрувања на Uni-Home, како зголемена безбедност, Huawei Me Widget, MagicTouch и SmartReading. Новина во Huawei’s Emotion UI е тоа што сега нуди панорамско фотографирање и можност за препознавање лица на фотографиите.

NAK_2316 copyУникатнaта батерија за оптимизација Automated Discontinuous Reception (ADRX) и Quick Power Control (QPC) и технологијата за зачувување на енергијата ги подобрува перформансите за повеќе од 30%, во споредба со батериите на паметните телефони со иста големина. Со неговите мулти AirSharing можности, можете да се поврзете со голем број уреди и на тој начин да ја зголемите својата продуктивност во работата, лесно да споделувате документи од уред на уред или да го подобрите гејмерското искуство.

Huawei Ascend P6 ќе биде достапен во Македонија исклучиво во продавниците на Т-Мобиле, во почетокот на октомври 2013 година, во црна и бела боја. Сите заинтересирани корисници за овој телефон ќе може да ја искористат можноста да го купат со попуст од 10 % доколку се регистрираат на www.t-mobile.com.mk или, пак, да подигнат ваучер во некоја од најблиските продавници на Т-Мобиле во периодот од 26.9.13 до 9.10.13. Искористувањето на попустот е во периодот од пристигнувањето на 1.10.2013 до 31.10.2013.