Техномаркет ќе издвојува дел од приходот за ЕХО соба на Клиниката за детски болести

195

IMG_8057Техномаркет најавува голема донација во Клиниката за детски болести. Во следните неколку месеци, се до Нова Година, најголемиот синџир на продавници за бела техника и апарати за домаќинство ќе издвојува дел од својот месечен промет и ќе го намени за опремување на ЕХО собата во оваа клиника.

Техномаркет ја овозможи оваа донација на начин преку кој и граѓаните можат да донираат за детското одделение, а притоа да не почувствуваат никакво оптеретување од сопствениот буџет. Всушност, со секое купување на барем еден производ од Техномаркет, почнувајќи од почетокот на октомври, купувачите учествуваат во донацијата, а Техномаркет ќе издвои дел од својот приход за оваа намена.

“Сите ниe имаме семејства и знаеме колку е значајна грижата за децата. Затоа, со оваа наша донација, сакаме да придонесеме кон разубавување и доопремување на ЕХО собата во Клиниката за детски болести и на тој начин да направиме престојот на децата да биде што е можно попријатен”, изјави Марија Ристовска, маркетинг менаџер на Техномаркет.

IMG_8044Во договор со Клиниката, со средствата од донацијата ќе бидат обезбедени потребни материјали и опрема за ЕХО собата, кои се од големо значење како за персоналот, така и за пациентите, а во соработка со компанијата Авент чии производи се застапени во Техомаркет, ќе се донираат и неопходни реквизити за собите на пациентите.

“Секаква донација, во кој било оддел или форма за нас е добредојдена, посебно заради фактот што работиме со деца. Затоа инцијативата на Техномаркет за една ваква донација посебно не радува”, изјави проф, Д-р Розана Кацарска, шеф на кардиолошкото одделение.

Технички апарати, разубавување на собата, неопходни реквизити и изненадувања за децата е дел од донацијата на Техномаркет која ќе биде доставена на крајот од годината.