Apple по цели 13 години ја симна Coca Cola од првата позиција на листата највредни брендови, покажува најновото истражување на Интербренд.
Всушност, пред Coca Cola годинава се најде и Google, кој ја зазема втората позиција.
Според проценките на Интербренд, вредноста на Apple е 98,31 милијарди долари, што е раст за 28% во однос на минатата година, а Google вреди 93,29 милијарди долари. Вредноста на Coca Cola е проценета на 79,2 милијарди долари.
Од европските брендови на листата се најдоа Mercedes – Benz, Louis Vuitton, Zara, H&M, Ikea…
BlackBerry веќе не е на листата 100 највредни брендови, како и Yahoo, додека Nokia од 13 падна на 57 место. За разлика од нив, Facebook од 69 се искачи на 52 место.
Еве ги првите 10 највредни брендови за 2013 година:
1. Apple – 98,3 милијарди долари
2. Google – 93,2 милијарди долари
3. Coca Cola – 79,2 милијарди долари
4. IBM – 78,8 милијарди долари
5. Microsoft – 59,9 милјарди долари
6. General Electric – 46,9 милијарди долари
7. McDonald’s – 42 милијарди долари
8. Samsung – 39,6 милијарди долари
9. Intel – 37,3 милијарди долари
10. Toyota – 35,3 милијарди долари
Целата листа погледнете ја овде.