Вредноста на доларот паѓа

На глобалните пазари вредноста на доларот падна во однос на кошницата со валути минатата недела.

Имено, се очекува ФЕД да ги остави каматните стапки непроменети  додека Европската централна банка најверојатно дополнително ќе ги зголеми.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела ослабна за 0,5 отсто, на 103,53 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на европската валута падна за 0,4 отсто, па цената на еврото достигна 1,075 долари. Доларот ослабе и во однос на јапонската валута, за 0,4 отсто, на 139,4 јени.