
UBS Group AG денеска во отворено писмо до локалните весници објави дека го заврши купувањето на Credit Suisse.
Вака e затворено најзначајното спојување на банките од кризата во 2008 година, пренесува teletrader.
Договорот обезбедува десетици милијарди долари профит и започнува сложен период на интеграција кој најверојатно ќе вклучи елиминација на илјадници работни места.
Договорот, исто така, става крај на речиси 170 години од независното постоење на Credit Suisse, а според UBS, овој потег го означува почетокот на новото поглавје во нејзината историја.











