Газпром го обнови снабдувањето со гас преку Турски тек по поправките

Рускиот енергетски гигант Газпром го обнови снабдувањето со гас преку Турски тек по поправките на овој гасовод, соопшти денеска претставништвото на оваа компанија.

„Работите за одржување на гасоводот „Турски тек“, планирани за периодот од 5 до 12 јуни се завршени. Обновен е транспортот на гас“, соопшти „Газпром“ на својот канал Телеграм, пренесува РИА Новости.

Минатата година работите за одржување на Турски поток беа извршени во периодот од 21 до 28 јуни.