Годишната стапка на инфлација во мај во Германија падна на 6,1 отсто

Годишната стапка на инфлација во Германија во мај падна на 6,1 отсто, објави денеска германската федерална статистичка служба Дестатис.

Ова е конечниот резултат кој е во согласност со претходната проценка.

Априлската инфлација во Германија беше на ниво од 7,2 отсто.

Стапката на инфлација во мај беше најниска во последните 14 месеци, но сепак е значително повисока од посакуваните 2,0 отсто, што е цел на германската централна банка.

„Во мај, поскапувањата на енергијата беа значително помали од истиот месец минатата година, а најмногу пораснаа цените на храната“, вели претседателката на Федералното биро за статистика, Рут Бренд.

Цените на енергетските производи во Германија се зголемени за 2,6 отсто на годишно ниво, што е многу побавен раст во однос на априлските 6,8 отсто.