
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година, деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност од 30 768 214 илјади денари.
Од нив, 14 662 217 илјади денари се за објекти во индивидуална сопственост.
Во текот на 2022 година се градени вкупно 2. 519 објекти, а завршени се вкупно 3. 844 станови со вкупна површина од 257. 085 м2, од кои 3. 714 се во индивидуална сопственост.
Просечната корисна површина на завршените станови е 66.9 м2.
По региони, најмногу се градело во Скопскиот Регион, потоа во Пелагонискиот, Југозападниот итн.











