Годишната стапка на инфлација во Јапонија е 3,2 отсто

Годишната стапка на инфлација во Јапонија падна на 3,2 отсто во мај, од 3,5 отсто во април, објави денеска Заводот за статистика на Јапонија.

Пазарите очекуваа значително повисока инфлација од 4,1 отсто, така што овој резултат е пријатно изненадување.

Цените на горивата, осветлувањето и водата паднаа четврти месец по ред, овојпат за 8,3 отсто, пред сè поради пониската цена на струјата – за 17,1 отсто на годишно ниво.

Трошоците за домување во мај се зголемени за 1,2 отсто на годишно ниво, а трошоците за образование за 1,3 отсто, што е иста стапка на раст како и во април.

Цените на транспортот во мај пораснаа малку побрзо – за 2,2 отсто во однос на априлските 1,8 отсто, храната – за 8,6 отсто во однос на априлските 8,4 отсто, облеката – 3,9 отсто во однос на априлските 3,8 отсто и медицинската нега – 2,1 отсто наспроти 1,7 отсто.

Годишната основна стапка на инфлација исто така падна на 3,2 отсто во мај, од 3,4 отсто во април.