VW Tayron станува глобален модел, доаѓа и во Европа

81

Volkswagen наводно го укинува Tiguan Allspace и ќе го замени со втората генерација на Tayron, која ќе се нуди на пазарите надвор од Кина

Volkswagen веќе ја започна кампањата за редизајнираниот Tiguan, но според најновите информации, тоа нема да биде единствената новина, бидејќи Tiguan Allspace ќе биде заменет со следната генерација на Tayron. Ова е интересно бидејќи Tayron беше претставен за Кина во 2018 година и му се придружи кросовер купе Tayron X во 2020 година.
Двата модели наликуваат на намалени верзии на Atlas и Atlas Coupe, но втората генерација на Tayron ќе има доста сличности со претстојниот Tiguan. Карл-Хајнц Хел од Volkswagen ја потврди веста за Autocar со изјава: „Ние ќе ја прошириме нашата постоечка SUV линија на глобална основа со втората генерација на Tayron, која е веќе во развој и ќе биде пуштена во продажба до средината на деценијата.“

Втората генерација на Tayron, наводно, ќе се нуди на „сите клучни пазари на Volkswagen“ и ќе се произведува во Волфсбург, како и во Кина, според дел од информациите. Како и кај сегашниот модел, наводно ќе има кросовер и кросовер купе варијанти. Кросоверот е планиран да нуди конфигурации со пет и седум седишта, додека купето ќе биде строго со пет седишта.

Редизајнираниот Tayron ќе вози на најновата верзија на платформата MQB и веројатно ќе ги дели моторите со помалиот Tiguan. Претставниците на Volkswagen, исто така, за Autocar открија дека моделот ќе биде понуден со два plug-in хибридни погонски единици кои имаат бензински мотори, преку 100 километри електричен опсег и моќност од 204 КС или 272 КС.

За работите да бидат уште поконфузни, кросоверот наводно ќе користи различни имиња на различни пазари. Во Обединетото Кралство, кросоверот ќе се вика Tayron, но „на други избрани пазари, вклучително и во САД“, ќе биде познат како Tiguan. Овие пазари веројатно ќе се состојат од земји каде што „вистинскиот“ Tiguan нема да се продава, иако најверојатно ќе дознаеме повеќе во наредните месеци.

Преземено од Avtoplus.mk