
На европските берзи индексите по шест дена пад по првпат пораснаа, а најмногу пораснаа цените на акциите во рударскиот сектор. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9:30 часот порасна за 0,5 отсто, по шестдневен пад.
Лондонски FTSE индекс утринава зајакна 0,45 отсто, на 7.486 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,44 отсто, на 15.885 поени, а париски CAC за 0,59 отсто, на 7.226 поени.
Во исто време, најмногу пораснале цените на акциите во рударскиот сектор, за 1,4 отсто. Имено, цените на суровините утринава пораснаа бидејќи инвеститорите се надеваат на нови стимулативни мерки во Кина, најголемиот светски увозник на суровини.
Фото: Facebook











