
Доколку барате нова работа и сакате да го замените македонскиот пазар на труд со странски, можеби ќе ги свртите погледите кон некои земји за кои досега не сте размислувале. Имено, најдобрите работни места, барем кога станува збор за бројот на луѓе кои сакаат да работат таму, ги има на Блискиот Исток.
Доха и Дубаи се првите два града по бројот на кандидати кои сакаат да се вработат таму, покажува студијата на Resume.io. Инаку, истражувањето користело податоци за 130 светски градови и секоја американска држава, а го следела и бројот на поднесени апликации за работа во првата недела откако биле огласени. И за да се земат предвид градовите, тие мораа да имаат најмалку 100 огласи за работа споделени на LinkedIn (во периодот кога компанијата ги собираше податоците – што беше крајот на февруари 2023 година).
Нема европски градови на повидок
Истражувањата покажаа дека просечно 399 кандидати се пријавуваат за работа во главниот град на Катар неделно, додека околу 282 лица се пријавуваат за работа во Дубаи. Затоа, Доха и Дубаи убедливо ги држат првите две места како два од најконкурентните пазари на труд во светот, а двата града привлекуваат голем број на баратели на работа со високи плати и ослободени од данок приходи карактеристични за регионот.
Во „топ 5“ следуваат Истанбул, Јоханесбург и Абу Даби, а интересно е што од десетте градови на листата само еден град е од Европа. Земјите од Блискиот Исток сочинуваат половина од топ-10 листата на „најконкурентни пазари на труд во светот“.
1. Доха, Катар
2. Дубаи, ОАЕ
3. Истанбул, Турција
4. Јоханесбург, Јужна Африка
5. Абу Даби, ОАЕ
6. Мадрид, Шпанија
7. Сан Хозе, САД
8. Буенос Аирес, Аргентина
9. Сан Франциско, САД
10. Тел Авив, Израел











