
На Волстрит индексот Dow Jones и S&P 500 пораснаа во четвртокот, благодарение на растот на цените на акциите во банкарскиот сектор, откако водечките американски банки успешно го поминаа годишниот стрес тест на ФЕД.
Индексот Dow Jones порасна за 269 поени или 0,8 отсто, на 34.122 поени, а индексот S&P 500 за 0,45 отсто, на 4.396 поени. Индексот Nasdaq ослабе, пак, за 0,42 поени, на 13.591 поен.
Откако тестот за „здравје“ на најголемите американски банки покажа дека се доволно капитализирани за да се надмине остриот економски пад, индексот S&P на банкарскиот сектор зајакна за 2,6 отсто.
Но, инвеститорите избегнаа да купуваат акции од оние сектори кои се чувствителни на зголемување на каматните стапки поради загриженоста дека ФЕД ќе продолжи да ја заострува монетарната политика по најновите макроекономски показатели, особено бројот на Американци кои бараат бенефиции за невработеност, кој неочекувано падна минатата недела.
Дополнително, проценката за растот на американската економија во првиот квартал беше ревидирана на повеќе, од 1,3 на два отсто.











