Поради намалувањето на побарувачката за моделите ID.4 и ID.7, германскиот концерн привремено ќе го забави темпото на производство во фабриката во Емден и до 30%.
Оваа недела, на работниците вработени во склопувањето на електричните автомобили на Фолксваген во фабрика во германскиот град Емден им беше кажано дека нивниот колективен летен одмор ќе биде продолжен за една недела, а вкупната количина на произведени автомобили привремено ќе се намали. Компанијата ќе произведе околу 30% помалку модели ID.4 и ID.7, а исто така ќе отпушти околу 300 од своите 1.500 привремени работници, пренесува СееБиз.
Сето ова е последица на падот на побарувачката на електрични автомобили во Европа, што првенствено настана поради укинувањето или намалувањето на стимулациите за нивно купување во Германија, Франција и Шведска. Од Volkswagen велат дека трендот не се одразил на остатокот од автомобилскиот сектор, па така, на пример, производството на Passat со класични мотори ќе продолжи во планираната гама.