
Сопственикот на мултимилијардерската компанија за луксузен накит „Картие“ го откри својот најголем страв – од роботи кои ќе ги заменат работниците и сиромашните кои „се креваат“ за да ги соборат богатите.
Говорејќи на Самитот за луксуз на „Фајненшл тајмс“ во Монако, модниот тајкун рече дека не може да заспие од помислата на општествениот пресврт за кој мисли дека е неизбежен.
Според Блумберг, Јохан Руперт на конференцијата рекол дека има на ум дека кога сиромашните ќе се издигнат, средната класа нема да сака да купува луксузни стоки од страв да не го открие своето богатство, пренесува Индипендент.
– Како општеството ќе се справи со структурната невработеност и зависта, омразата и социјалните војни? Во оваа фаза ја уништуваме средната класа и тоа ќе влијае на нас. Не е фер. Па тоа е она што ме држи буден ноќе.
Се проценува дека богатството на сопственикот на „Картие“ е околу 7,5 милијарди долари.
Фото: Facebook











