
Катар ервејс одлучи да ја укине првата класа во следната генерација на авиони. Извршниот директор на компанијата, Акбар Ал Бакер, вели дека не вреди да се инвестира во луксузни седишта, бидејќи бизнис класата на авиокомпанијата нуди слични поволности.
– Зошто би инвестирале во подкласа на авион кој веќе ви ги дава сите придобивки од прва класа. Не гледам потреба – изјави Ал Бакер за Блумберг за време на годишниот генерален состанок на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA) во Истанбул.
Тој вели дека промената ќе дојде на следната генерација на Boeing 777X. Според Aerotime, Qatar Airways моментално има 14 авиони кои нудат седишта од прва класа. Десет авиони се Ербас А380, а четири Боинг 777-300ЕР, пишува Yahoo Life.
Боинг го прекина производството на 777X, но планира да го продолжи пред 2024 година. Ал Бејкер вели дека Катар ервејс ќе биде првата авиокомпанија што ќе го испорача 777X и тие беа првиот клиент на 777X-BF во јануари 2022 година.
777X на Боинг е најголемиот и најефикасниот двомоторен авион во светот. Дизајниран е со подобрена аеродинамика и мотори, кои му овозможуваат на авионот да испорача 10 отсто помала потрошувачка на гориво и емисии и 10 отсто пониски оперативни трошоци од конкуренцијата.











