
За една година странските директни инвестиции (СДИ) во Босна и Херцеговина се зголемени за 80 отсто, покажуваат податоците на Агенцијата за промоција на странски инвестиции во БиХ (ФИПА).
Како што соопшти ФИПА за „Независне новине“, според штотуку објавените податоци на Централната банка на БиХ, директните странски инвестиции во првиот квартал од 2023 година изнесуваат 426,6 милиони конвертибилни марки.
„Ова претставува раст на инвестициите од 80 отсто во однос на истиот период лани. Во првиот квартал од минатата година се регистрирани 237,6 милиони конвертибилни марки директни странски инвестиции“, соопшти Агенцијата за поттикнување на странски инвестиции.
Инаку, како што претходно објави ФИПА, податоците на Централната банка на Босна и Херцеговина покажуваат дека во текот на цела минатата година директните странски инвестиции изнесувале 1,2 милијарди КМ, што е зголемување за 16,3 отсто во однос на 2021 година.











