Интел ја раскажува приказната на детето што направи тест за рана детекција на рак

44

jack-andraka

Џек Андрака, едвај тинејџер, одлучи да развие тест за рана детекција на рак на панкреас. Побарал помош од 200 истражувачи и експерти. Од нив само еден, онколог, му дозволи да ја користи лабораторијата на Џонс Хопкинс Универзитетот после часовите. На 15 годишна возраст, Андрака успева да направи тест кој е 168 пати побрз, 400 пати почувствителен и 26.000 пати поевтин од стандардниот тест што го користи медицината.

Интел ја раскажува приказната на Андрака, кој за своето откритие доби 75.000 долари награда на Интернационалниот саем за наука и инженеринг. Каква е врската меѓу Интел и Андрака? Интел е генерален спонзор на Саемот.