Во организација на Министерството за економија денес во хотелот Александар Палас во Скопје, со почеток во 10 часот ќе се одржи конференција на тема Како до поголем извоз.
На конференцијата ќе учествуваат претставници од Владата на Република Македонија надлежни за промоција и олеснување на извозот, претставници од коморите, компании кои се најголеми извозници и потенцијални извозници, како и претставници на меѓународните организации за техничка помош во земјата и на странските амбасади во државава.
Со конференцијата ќе претседава ресорниот министер Ваљон Сарачинии кој воедно и ќе се обрати пред бизнис заедницата, а ќе се зборува за активностите кои се превземаат за поддршка на извозот, како и за пристапот до финансии и промоција на извозот.