Хрватска:Туристички бројки на ниво од 2019 година

107

Годинешната туристичка сезона е на ниво на онаа од предпандемиската, рекордна 2019 година, Хрватска забележа 12,5 милиони пристигнувања и 63 милиони ноќевања, изјави во неделата министерката за туризам и спорт Николина Брњац.
„Бројките се на ниво од 2019 година, имаме околу 12,5 милиони пристигнувања и 63 милиони ноќевања“, изјави министерката за RTL Danas.

Таа нагласи дека во однос на лани има над 50 илјади нови легла во некомерцијално и комерцијално сместување.

Во однос на 2017 година, бројот на нови легла е зголемен за цели 300.000, поради што на почетокот на следната година ќе стапи во сила нов закон за туризам, кој ќе ги земе предвид капацитетите на туристичките дестинации, наведе таа.

Домашни туристи има за 14 отсто повеќе од пред четири години и тие се на второ место по пристигнување.

Од друга страна, Италијанците годинава го заобиколуваат источниот брег на Јадранот, а една од причините е кампањата на локалните власти да ги поттикнат граѓаните да останат во Италија во текот на летото. И покрај тоа, Италијанци има  14 отсто повеќе во однос на лани, изјави Брњац.

Министерката им порачува на приватните изнајмувачи дека цената на сместувањето мора да го следи квалитетот, инаку туристите ќе знаат како да го казнат.

Гостите го препознаваат тоа, истражуваат што се нуди, што имаме на пазарот и какви се цените“, рече министерката која очекува добри туристички резултати до крајот на годината.