Caviar ја претстави златната серија iPhone 15, моделите чинат до 10.390 долари

92

Минатата недела Apple ја претстави серијата мобилни телефони iPhone 15, а компанијата Caviar ги објави своите скапи златни верзии.

Apple ги покажа iPhone 15, iPhone 15 Plus, iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max на настанот Wanderlust, но ниту еден од нив нема опција за златна боја. Сепак, клиентите со „длабоки џебови“ имаат решение благодарение на компанијата Caviar, која нуди Pro модели со златна футрола и ги нарекува Ultra Gold.

Цената на iPhone 15 Pro Ultra Gold е најмалку 8.800 долари и оди до 9.890 долари, додека iPhone 15 Pro Max Ultra Gold чини најмалку 9.670 долари, колку што е цената на „основниот“ модел. Поскапата верзија на моделот чини 10.390 долари.

Куќиштето на моделот Ultra Gold е изработено од 18-каратно злато со сатенска завршница, додека логото на Apple на задната страна е изработено од 24-каратно злато. Кавијар вели дека Ultra Gold е наменет за „избраните“, вклучувајќи познати личности, спортисти, политичари и друга елита.

Caviar ги претстави и Ultra Black верзиите на iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max. Основниот iPhone 15 Pro Ultra Black започнува од 8.060 долари и достигнува до 9.060 долари, додека основниот iPhone 15 Pro Max Ultra Black чини 8.840 долари. Цената на најскапиот модел е 9.560 долари.

Caviar ќе произведе по 99 единици од своите верзии iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max.

FФото: caviar