Старбакс верува во Кина

Компанијата Старбакс објави дека инвестирала повеќе од 200 милиони долари во нов производствен капацитет во Кина. Ова е знак дека Кина и кинескиот потрошувач сè уште се клучни за глобалниот ланец на кафе и покрај големото економско забавување на земјата.

Гигантот отвори огромен капацитет во источна Кина, кој ќе служи како главен производствен и дистрибутивен центар низ целата земја, снабдувајќи свежо кафе до илјадници кинески продавници, се вели во соопштението. Фабриката се состои од голем капацитет за печење кафе и простор кој им овозможува на посетителите да видат како се прават пијалоците.

Оваа инвестиција на Starbucks е најголема надвор од САД, пишува CNN.

Пазар со потенцијал
Отворањето на „иновацискиот парк“ од 7.400 квадратни метри, лоциран во градот Куншан, на околу еден час од Шангај, доаѓа по една година одложувања.

Кина долго време беше еден од најважните двигатели на растот за Старбакс, служејќи како нејзин втор најголем пазар во светот и нејзин врвен пазар во странство.

Но, извршниот директор Лаксман Нарасимхан вели дека компанијата е „сè уште во зародиш во Кина“, истакнувајќи дека потрошувачката на кафе во нацијата што историски пие чај останува релативно ниска.

Сепак, тој вели дека и покрај тоа што е еден од најголемите потрошувачки пазари во светот, „Кина претставува огромна можност за Старбакс“.