
Медиумскиот магнат Руперт Мардок најави дека ќе се повлече од функцијата претседател на медиумските компании Fox и News Corp.
За ваквата одлука 92-годишниот Мардок со писмо ги известил колегите, тврдејќи дека е во добра здравствена состојба. Тој најави дека во ноември годинава ќе изврши транзиција на управување со компанијата, т.е. дека следниот претседател на споменатите компании ќе биде неговиот син Лахлан, за кој Руперт вели дека е „страствен и принципиелен лидер“.
Мардок изјави дека е горд на она што го постигнал во последните 30 години со својот тим. Според него, двете компании се во добра здравствена состојба, како и тој самиот. Тој оцени дека можностите на компаниите ги надминуваат нивните комерцијални предизвици.
Дел од неговата голема медиумска империја е каналот Фокс њуз, кој беше лансиран во 1996 година. Мардок беше извршен претседател на филмската компанија 21. Century Fox. На оваа позиција тој беше од 2015 до 2019 година, кога се случи спојувањето на 21st Century Fox и Walt Disney.
Неговата медиумска империја се состои од телевизиски компании и весници од различни делови на светот, пренесува Fox News.
Фото: Facebook











