Марк Цукерберг објасни зошто на работа секогаш доаѓа во сива маица

Основачот на Фејсбук (сега Мета) и мултимилијардерот Марк Цукерберг  откри зошто секој ден носи едноставна сива маица на работа.

Новинарите  ја искористија приликата да го прашаат милијардерот „зошто носи сиви маици, кога може да си дозволи што сака“, а неговиот одговор е многу интересен.

Како што објасни, неговиот недостаток на моден осет му овозможува да остане повеќе фокусиран на неговиот деловен живот.

– Навистина сакам да си го поедноставам животот за да морам да носам што помалку одлуки за што било друго освен како најдобро да и служам на оваа заедница – рече тој, додавајќи дека во плакарот има „повеќе исти маици“.

– Се чувствувам како да не си ја работам својата работа ако дел од мојата енергија трошам на нешта кои се глупави или несериозни – додаде тој, пишува Индекс.

Фото: Facebook