
Согласно напредокот на дигитализацијата, но и на сите стопански гранки, и хотелиерството воведе одредени промени, за гостите да бидат позадоволни.
Хотелите сè повеќе се свртуваат кон т.н модерни патници кои, сепак, имаат поинакви барања од „традиционалните“.
Секако, иновативниот екстериер и ентериер се само дел од модерната приказна. Гостите сега доаѓаат со сè поголеми очекувања во врска со брзината на интернет, но и количината на уреди што им се потребни за да работат.
За оние кои сакаат да работат и да се одморат престојуваќи во хотел, но да не ја „влечат“ со себе комплетната опрема потребна за работа, дигитализираните и модерно опремени хотели ќе имаат полни раце работа.
Покрај понудата на опрема, се подразбира дека има и оптички интернет, па паркинг со места за полнење е-возила.
Што нуди модерен, дигитализиран хотел од светска класа?
Ако зборуваме за „типичен“ пример, кој е просечно четиричлено семејство, тоа значи дека тие доаѓаат во хотелот со 6 до 7 свои паметни уреди, вкупно.
Особено во последниве години, забележливо е како помладите генерации го менуваат начинот на кој комуницираат: тие претпочитаат онлајн наместо контакт лице в лице.
Така, наместо да го земат телефонот или да прашаат работник од рецепција, тие користат хотелски апликации и системи, мобилни апликации и чет-ботови за да комуницираат и да добијат услуга.
Дополнително, сè повеќе нови хотели се опремени со соларни панели, како и системи за управување со отпад, што е добро познат и применет стандард во ЕУ, пренесува Телеграф.рс.











