Волстрит силно порасна

На Волстрит вчера берзанските индекси нагло пораснаа, по остриот пад минатата недела, додека инвеститорите ги очекуваат новите економски податоци и деловните резултати на компаниите, како и пораките од американската централна банка.
Dow Jones зајакна 1,58 отсто, на 32.928 поени, додека S&P 500 порасна за 1,20 отсто, на 4.166 поени, а индексот Nasdaq 1,16 отсто, на 12.789 поени.

Меѓу најголемите добитници вчера беа акциите на технолошките гиганти, како Мајкрософт, Амазон и Епл.

Тој сектор минатата недела беше под притисок, па S&P 500 и Nasdaq индексот загубија повеќе од 2 отсто.

Тоа беше последица на зголемувањето на приносите на државните обврзници, бидејќи се појасно е дека поради стабилниот, па дури и забрзан раст на економијата, каматните стапки на американската централна банка би можеле да останат покачени подолг период од очекуваното.

Дотолку повеќе што извештајот, кој ќе биде објавен во петок, покажува дека и пазарот на трудот бил силен во октомври и дека платите пораснале повеќе од очекуваното.

Во вторник, пак, почнува дводневната седница на шефот на ФЕД, а се очекува каматните стапки да останат непроменети во интервал од 5,25 до 5,50 отсто. Сепак, останува да видиме какви ќе бидат пораките на шефот на ФЕД по седницата.

Од друга страна, пазарот е поддржан од деловни резултати. Досега, повеќе од 250 компании од составот на индексот S&P 500 ги објавија своите квартални извештаи, при што околу 78 отсто од нив остварија поголема добивка отколку што очекуваа аналитичарите.

Затоа, сега се проценува дека заработката на компаниите од составот на индексот S&P 500 во третиот квартал е зголемена за 4,3 отсто во однос на истиот период лани, додека на почетокот на месецот се очекуваше раст од 1,6 отсто.

Цените на акциите вчера пораснаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индекс зајакна 0,50 отсто, на 7327 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,20 отсто, на 14.716 поени, а париски CAC 0,44 отсто, на 6825 поени.