Продажните вештини често се сметаат за нешто што човек или „го има“ или „го нема“. Тоа, се разбира, едноставно не е точно – продажните вештини може да ги научи секој кој е подготвен да научи како да создава вредност за другите. Создавањето на вредност пак, е клучната продажна вештина и таа е длабоко поврзана со умеењето работите да се согледаат од перспектива на „другата страна“.
Во таа насока на 17.10.2023 ЦЕЕД и Петар Лазаров ја реализираа првата од серија тренинзи со наслов: Продажна ДНК 2.0 каде учество земаа 15 учесници од различни компании кои ја следеа и финално искористија Продажна скрипта која се прилагодува согласно бизнис моделот и принципот на работа на секоја компанија, а која заедно ја следни менаџерот на тимовите на продажба, заедно со продажните експерти кои ја прават обуката.
Тренингот започнува со навидум едноставно прашање, односно „Која е вистинската причина за неуспех во продажбата?“ за набрзо потоа да сфатиме дека одговорот е многу посложен од очекуваното.
Фидбекот од дел учесниците е:
- Петар е личност која има огромно познавање и нуди конкретна примена на неговите совети ..
- За време на тренингот се добиваат многу идеи во насока на тоа како да се подобри ефикасноста и функционирањето на продажниот тим ..
- Скриптата како уникатна компонента на тренингот е многу корисна, базирана на факти и нуди реална примена во секојдневието ..
Видео од атмосферата на самиот тренинг
Лазаров за обуката вели:
Продажната ДНК 2.0 е една од најпрактичните работилници за продажба која што постои во нашиот регион, каде учество земаат вработените во продажните тимови, но и нивните менаџери! Заедно стануваат дел од патешествието на еден купувач и влегуваат во главата на продавачот со цел да откријат низ што купувачот минува додека трае еден купо-продажен процес.
Истата има за цел да им помогне на сопствениците на бизнисите да постават структура и квалитетен продажен тим, односно унифицираност во истиот, презентирање со сигурност, поставување на прашања, одговарање на приговори, зголемување на интерактивноста помеѓу продажниот тим и клиентите, остварување на продажба и дефинирање на следните чекори после продажбата.
Тренингот е организиран во 2 дена по 4 часа, а веќе втората група започнува на 7ми и 8ми ноември 2023. За пријава на истиот сè што треба да се направи е да се испрати барање на [email protected] или директен повик на 076496614 со цел информирање за останатите детали.