Некогаш најмладата милијардерка во светот се повлекува од функцијата извршен директор на својата компанија

Основачот и извршен директор на една од најголемите апликации за запознавање во светот, Bumble, и некогаш најмладиот милијардер во светот, се повлекува по речиси 10 години на нејзиното чело.

Витни Волф Херд, која ја основа компанијата во 2014 година, ќе стане извршен претседател на компанијата. Нејзиното место го зазема Лидијан Џонс.

Во интервју за Wall Street Journal, Волф Херд рече дека сака да „иновира за иднината на Бамбл и да не однесе 10 години напред“.

Волф Херд (34) стана најмладата жена милијардер во светот во февруари 2021 година. Меѓутоа, денес според Форбс нејзиното богатство е помалку од една милијарда долари (510 милиони).

Откако беше дел од основачкиот тим на Tinder, таа ја создаде компанијата во 2014 година.

Волф Херд рече дека е инспирирана да создаде платформа каде жените „го прават првиот потег“ поради нејзината фрустрација од архаичните родови норми кои го контролираат „запознавањето“.