На Волстрит во понеделникот берзанските индекси забележаа само мали поместувања бидејќи инвеститорите се внимателни пред извештајот за инфлацијата во САД, што може значително да влијае на насоката на пазарот.
Dow Jones зајакна 0,16 отсто, на 34.337 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,08 отсто, на 4.411 поени, а индексот Nasdaq 0,22 отсто, на 13.767 поени.
По две недели значителен раст, индексите вчера стагнираа бидејќи инвеститорите не сакаат да ризикуваат пред објавувањето на извештајот за инфлацијата во САД, кој ќе биде објавен во вторник.
„За ФЕД да престане да ги зголемува каматните стапки, инфлацијата мора да продолжи да слабее“
Економистите проценуваат дека стапката на инфлација се лизна на 3,3 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември. Но, оценуваат и дека основната стапка на инфлација, од која се исклучени цените на енергијата и храната, останала непроменета.
Во последните недели цените на акциите пораснаа бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка го завршила циклусот на зголемување на каматните стапки, иако ФЕД вели дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.
И на европските берзи вчера поскапеа акциите. Лондонски FTSE индекс зајакна 0,89 отсто, на 7.425 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,73 отсто, на 15.345 поени, а париски CAC за 0,60 отсто, на 7.087 поени.