Винарниците годинава ќе преработат 30% повеќе грозје од лани

46

Grape-Wine-300x200Министерот за земјоделство Зоран Коњановски при вчерашната посета на општина Босилово изјави дека македонските винарници годинава ќе преработат 183 милиони килограми грозје или за 30% повеќе во однос на лани.

Коњановски во Босилово се сретна со земјоделци од село Сарај и ја посети винарницата Далвина во Хамзали.

Како што укажа министерот, откупот на винското грозје во македонските винарници привршува, а оваа година е една од подобрите во лозарството. Според него, откупната сезона на грозјето помина мирно и со заедничко разбирање помеѓу лозарите и преработувачите.

Заменик-министерот за земјоделство истакна дека годинава винарниците од македонските лозари откупиле 160 милиони килограми, а од своите површини набрале 23 милиони килограми винско грозје.

“Интересен е и податокот што годинава е значително намален извозот на винско грозје во соседните земји и е сведен на само девет милиони килограми”, рече Коњановски.

Зоран Пеев, менаџер во винарницата Далвина информира дека деновиве привршува бербата на винското грозје од плантажите на Агро лозар.

“Во шест годишното работење на Далвина, слободно ќе кажам дека годинава е рекордна, како по квантитет, така и по квалитет. Досега од нашите плантажи имаме набрано 4,4 милиони килограми винско грозје, што ќе биде преработено во квалитетно вино”, рече Пеев.

Најголем дел од вината од Далвина се пласираат на пазарите во Кина, Јапонија, Австралија, Канада и Германија.